Пролетна акција во општина Илинден

Во рамките на хортикултурното уредување на јавните површини, а во пресерт на Денот на пролетта, Општина Илинден организираше акција за садење на дрвца и цвеќиња во дворовите на домовите на култура во н.м.Кадино и н.м.Бујковци.

Покрај екипите на јавното комунално претпријатиe, општинската администрација и повеќемина граѓани што се грижат за екологијата и сакаа да помогнат, во акцијата свој придонес даде и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Околу домовите на култура во н.м. Кадино и н.м. Бујовци се засадија над сто садници од јасен, чемпрес и црн бор, како и повеќе украсни цвеќиња кои дополнително ќе ги разубават јавните површини.

Предвидено е акцијата за раззеленување и разубавување на Општината да продолжи и во наредниот период, во сите домови на култура во Општината.

You May Also Like