На 21 февруари во киното „Фросина“ во МКЦ ќе биде промовирана книгата „Меше на годината“ од Иван Шопов.
Жанровски, „Меше на годината” на Иван Шопов, чиј издавач е Темплум, е флуидна, хибридна книга составена од триесетина песни во проза и повеќе куси прозни парчиња што само условно може да се наречат гатанки. Иако нумерирани, прозните секвенци функционираат како сосема независни структури, што допушта флексибилност во нивното восприемање.