Жулиет Бинош гостин на „Браќа Манаки“ во Битола

Жулиет Бинош специјална гостинка на годинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола …

brakja manaki labina mitevska 1Жулиет Бинош е специјална гостинка на годинашното 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што ќе се одржи од 13 до 19 овој месец во Битола.

На неа ќе и биде врачена специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, а нејзиниот престој во Македонија се поклопува со светската премиера на филмот „Облаците на Силс Марија“ кој е напишан специјално за неа од страна на режисерот Оливие Асаја.

Со овој филм ќе биде отворено и годинашното издание на фестивалот. Покрај Бинош, во филмот играат и Кристијан Стујарт и американската актерка Клои Грејд Морец.

– Повторно се надминавме себеси, а „Браќа Манаки“ дефинитивно се доближува до светските фестивали и е се поблиску до ѕвездите, истакна директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Лабина Митевска на денешната последна прес-конференција пред почетокот на фестивалот.

Juliette-Binoche

Бинош ќе биде два дена во Битола, а за време на нејзиниот престој ќе одржи и мастер час во недела.

Оскаровката Жулиет Бинош е една од познатите светски актери. Ја нарекуваат ѕвезда од двете страни на океанот. Има снимено 58 филмови и освоено 28 награди меѓу кои Канската палма, Венецијанскиот лав, Берлинската мечка, како и наградите од Европската филмска академија. Има глумено со Џони Деп, Семјуел Л. Џексон и многумина други. Позната е и по својата хуманитарна работа, најмногу со организацијата „Деца од Азија“, а дава поддршка и на „Репортери без граница“.

На годинашното издание на фестивалот под слоганот „Кон ѕвездите“ ќе бидат прикажани вкупно 76 филмови во осум категории меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Премиерно македонската публика ќе има можност да ги види и двата македонски филма „До балчак“ на Столе Попов и „Децата на сонцето“ на Антонио Митриќески.

You May Also Like