Во Брно промовиран чешкиот превод на капиталната „За македонцките работи“

Преводот на капиталното дело на Крсте Петков Мисирков е на академик проф. д-р Иван Доровски, кој е автор и на обемниот вовед и на информативната одредница за Мисирков.

Студијата во чешкиот универзитетски град беше промовирана пред студентите – балканисти и членовите на Институтот за славистика при Филозофскиот факултет на Масариковиот универзитет во Брно. Во истовреме беа промовирани и книгите со балканистичка тематика: „Историја на Словенија“ и „Југославија-Србија-Косово“.

Промотори на делата беа д-р Вацлав Штепанек, доц. д-р Ладислав Хладки и проф.д-р Иван Доровски.

You May Also Like