Докажано е дека плетењето е еден вид на терапија, го балансира умот и ослободува од стрес. Виетнамката Су Ами, заедно со нејзиното петчлено семејство, изработува рачно микро плетени играчки.
Најмалиот член на семејството-ракотворци е 10 годишно девојче, кое искрено се радува на секоја нова творба. По нејзините реакции, авторите судат како ќе биде прифатена играчката од клиентите.
Плетените животни се дел од јапонската техника амигуруми, само во многу намалена верзија. Големината најчесто не надминува 10 милиметри височина и 6 милиметри ширина на тело.
Малите плетени играчки се интернет сензација. Тие најчесто се дел од колекцијата играчки на возрасните, кои можат да се нарачаат од онлајн продавницата на Су, на ETSY.
Л.Ѓ.