Во понеделник (6 август, 2012) во 12:00 часот во манастирскиот комплекс Св.Петка во Сарчиево, Штип, еден ден пред одржувањето на манифестацијата „Соборување на постоечкиот светски рекорд за најголем котел со зготвен грав“, ќе се одржи прес конференција .
Рекордот во Сарчиево ќе се соборува на 7 авгст (вторник), во предвечерието на големиот верски празник Света Петка. Освен можноста за враќање на Гинисовиот рекорд во Македонија ќе бидат одбележани и 2 години од осветувањето на летната црква во манастирскиот комплекс.