Манифестацијата започнува денеска (четврток, 14 март) во 14:00 часот во Крива Паланка и тоа со повеќе културни содржини, меѓу кои е и свечената промоција на постојаната археолошкапоставка во Градскиот музеј.На отворањето ќе се обрати и министерката за култура Елизбета Канческа Милевска.
Потоа концерт ќе одржи староградскиот ансамбл „Распеани Паланчани“, додека во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“.
Во рамките на манифестацијата, во текот на целата година, предграѓаните на Крива Паланка ќе бидат прикажани повеќе од 180 разновидникултурни содржини од сите дејности.
Во реализацијата на активностите ќеучествуваат Центарот за култура од Крива Паланка, потоа општината КриваПаланка, воспитно-образовните институции од овој град, Градскиот музеј иневладини организации и здруженија на граѓани.