В сабота (15 декември, 2012) во Мала станица 19:30 часот ќе се отвори изложба на Иванка Ниневска Јакимовска со наслов „Извор, инстинкт, интуиција“.
Иванка Ниневска Јакимовска е родена 1978 во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во класата на Танас Луловски и Благоја Mаневски, отсек сликарство со конзервација и реставрација и графички дизајн.
Учествувала на повеќе групни изложби и колонии. Ова е нејзина втора самостојна изложба.