„Книга за Уна“ од Фраук Шехиќ преведена на македонски

Блесок неодамна го објави романот на познатиот босански писател Фарук Шехиќ „Книга за Уна“, во превод на Игор Исаковски.

faruk-sehic-una

Книгата е објавена и како еКнига, добитник е на наградата Меша Селимовиќ (2011) и наградата за литература на ЕУ (2013).

Печатената книга е објавена со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската Унија и на Министерството за култура на Република Македонија.

За книгата:
„Книга за Уна“ е сведоштво дека книжевноста е способна да помогне, дека има активна терапевтска функција, но не само тоа. Оваа книга е сведоштво дека литературата може да досегне и да му овозможи на читателот увид во метафизичката структура на светот, да ги направи нештата блескаво јасни. Едноставно, се работи за ремек-дело.
Владимир Арсениќ E-novine

„Книга за Уна“ на Фарук Шехиќ е можеби најубаво напишаната книга за една од најгрдите, најодвратните војни кога било…
Оља Савичевиќ Иванчевиќ tportal.hr

Со тоа секако е поврзан бесот, вкусот на бесмисленост и пораз. Во тоа лутење Шехиќ е поетски интуитивен, отворен, па на темата војна успева да го забележи она страшното, и тоа однатре, од потресеното прво лице. (…) Стекна име – и преводи – со поезија и со раскази („Под притисок“). Романот „Книга за Уна“ е добра, од војната потресена проза. За несмирените.
Роберт Перишиќ Globus

Без оглед дали сонуваната книга на Хусар, како темел на некоја нова култура, е воопшто можна, луѓето формирани на литературата каква што е онаа на Шехиќ или на филмовите како што е „Валцер со Башир“, малку потешко ќе бидат регрутирани за „свети“ цели отколку сите оние воспитувани на културните обрасци за херојот и жртвата…
Драшко Луковиќ Al Jazeera Balkans

——-
Фарук Шехиќ е роден во 1970 година во Бихаќ во времето на СФРЈ. Бил припадник на Армијата на БиХ од 1992-1995 година. Еднаш е тешко ранет. Книжевната критика го смета за еден од најталентираните помлади писатели на подрачјето од поранешна Југославија, и предводник на т.н. прегазена генерација. Неговите книги „Хит депо“ (поезија) и „Под притисок“ (раскази) уживаат култен статус кај читателската публика и објавени се во повеќе изданија. Книгите му се преведени на англиски, германски, македонски и бугарски јазик. За романот „Книга за Уна“ ја добил наградата Меша Селимовиќ како најдобар роман објавен на говорното подрачје на Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина во 2011 година, и наградата на Европската унија за литература во 2013 година. Работи како новинар и колумнист во сараевското списание БХ Денови. Живее во Сараево.

You May Also Like