Поетот Ристо Василевски ќе учествува на фестивал на поезија „Живи гласови на Медитеранот” кој ќе се одржува од утре (петок, 20 јули)до 29 јули во Сет.
Сет е родното место на францускиот поет и есеист Пол Валери, на Средоземното Море. На поетската манифестација ќе учествуваат 80 водечки поети од 41 земја во светот.
По повод учеството на фестивалот, на академик Василевски му е објавен двојазичен избор на македонски и на француски јазик, со наслов „Глетка, почеток” (Scene, origine). Изборот го подготви и на француски јазик го преведе Милош Константиновиќ.