Брет Брејли ја испраќа пораката за Светскиот ден на тетарот

Брет Бејли – меѓународно реномиран визуелен уметник, перформер, театарски режисер од Јужно Африканската Републикае избран да ја испрати пораката за Светскиот ден на театарот 27 март,2014.година.

EXHIBIT B

 

Пораката на Брет Бејли

„Секаде каде што постои хумано општество, постои и нескротливито дух на перформансот.

Под дрвјата во малите села, на високо технолошките сцени во глобалните метрополи, во училишните сали, на полињата, во храмовите, во населбите, на градските плоштади, во центрите на разни заедници и во градските подруми на сиромашните населби – луѓето се собираат за да се здружат во ефемерните театарски светови што ги креираме за да ја изразиме нашата човечка комплексност, нашата различност, ранливост на телото, дишењето и гласот.

Се собираме за да се исплачеме и да се присетиме, за да се смееме и да размислуваме, за да научиме, за да истакнеме и да замислуваме. Испитувајќи ја технолошката прецизност да инкарнираме и Богови. Да го фатиме нашиот колективен здив со сиот наш капацитет за убавина и сочувство и монструозност. Ние сме енергија и стануваме посилни. Го славиме богатството на нашите различни култури и ги разбиваме границите кои не разделуваат.

Секаде каде што постојат луѓе, постои и непотиснатиот дух на перформансот. Изроден од заедниците, тој ја носи маската и костумот на нашите различни традиции. Го впрегнува нашиот јазик, ритми, гестови и го прочистува просторот на нашите јадра.

Ние уметниците кои соработуваме со овој древен дух, се чувствуваме задолжени да го канализираме истиот преку нашите срца, идеи и нашите тела, да ги откриеме нашите реалности во сета нивна здодевност и светкави мистерии.

Но во оваа ера во која милиони луѓе се борат за да преживеат, кои страдаат под притисокот на суровите режими и предаторскиот капитализам, кои наметнуваат конлфикти и страдање, ера во која нашата приватност е нападната од тајните служби и нашиот свет е цензуриран од вознемирувачките влади, ера во која шумите се ништат, живите суштества исчезнуваат и океаните се загадени: зошто чувствуваме потреба за да разоткриеме?

Во овој свет на неизедначена моќ во кој разни редови на хегемонија се обидуваат да не убедат дека една нација, раса, род, една сексуална ориентираност, религија, идеологија, една културна рамка е посупериорна од другите, дали навистина е своевидна одбрана да се инсистира дека уметноста би требала да биде недопрена и неоштетена од социјалните агенди?

Дали ние уметниците на арените/салите и сцените, се прилагодуваме на санираните побарувања на маркетот или пак ја потиснуваме моќта што ја имаме: за да обезбедиме место во срцето и умот на општеството, да ги собереме луѓето околу нас, да инспирираме, да одушевиме и информираме и да креираме свет на надеж и соработки со отворено срце?

You May Also Like