Денеска (понеделник, 24 декември, 2012) во 19:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „Мелографски записи на песните на Никола Бадев“ од Роска Бадева.
„Мелографски записи на песните на Никола Бадев” е книга во која е мелографиран целиот негов опус со над 230 песни, автентично, онака како што тој ги испеал, на Бадевски начин, со сите украси, мелизми, глисанда во оригиналните тоналитети, во кои тој ги интерпретирал.
Промоцијата е во организација на Дирекцијата за кутура и уметност на Скопје, поздравна реч ќе одржи Јорадн Плевнеш – ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, а за Никола Бадев ќе говори Виолета Томовска. Во музичкиот дел ќе настапат ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. насока – традиционална музика и игра.