Канческа-Милевска се сретна со директорите на националните театри

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска оствари редовна средба со директорите на националните театри од државава, на која се осврна на постигнатите резултати во театарската дејност во текот на изминатата година. На средбата беа разменети мислења за унапредување на состојбата во оваа дејност и решавање на проблемите со кои се соочуваат театрите во земјава.

Во таа насока, Канческа-Милевска информираше за напорите што Владата на Република Македонија и Министерството за култура ги прават за подобрување на состојбата во сите сегменти од театарската дејност. Со оглед на тоа дека националните театри веќе подолго време се соочуваат со недостиг на сценска опрема и возен парк, Канческа-Милевска информираше дека Владата на Република Македонија го задоложила Министерството за култура, да изготви три годишен акциски план за набавка на сценска, светлосна и тонска опрема за театрите, како и набавка на моторни возила – комби.

Министерот за култура, од директорите на националните театри побара доследна, навремена и прецизна реализација на програмите што ќе бидат поддржани од Министерството за култура наредната година, со посебен акцент на сите сегменти од една театарската продукција.

Воедно беше донесен заеднички заклучок дека во иднина треба да има поголема меѓу институционална соработка на театрите, која би вклучувала гостувања и размена на претстави.

You May Also Like