Под мотото „уметност, јебга..! страдај за убаво, слушај си ја душата!“ денеска (19 септември, петок) од 22:00 во МКЦ Клуб ресторан, Блесок организира промоција на „Песни од големата соба“ од Игор Исаковски.
Поради голем интерес после јунската промоција, ќе има изведби и од „Купидона и други драми“ од Срѓан Јаниќијевиќ, книга која Блесок ја објави во мај годинава.
Во првиот дел, на сцената ќе бидат Игор Исаковски со стихови од новата книга поезија и Kings of Pseudo со музика. Во вториот дел, голем број гости ќе изведат делови од „Купидона и други драми“, со музика од Pogan Pagan и Новоградска.