На 27 ми јуни со претставата “Пукна Срам”од Белград се затвори натпреварувачкиот дел од првиот меѓународен фестивал на комедијата Гола Месечина во организација на Тетар Комедија.
Трочлената жири комисија во состав Петре Темелковски актер, Александра Кардалевска режисер и Оливер Јосифовски композитор ги доделија следните награди:
Награда за најдобра претстава во целина ја понесе претставата “Без Паника”во продукција на Народниот Театар од Битола ,поради кохерентноста и заокруженоста на театарското дело, актуелната и повеќеслојна тематика и пред се поради хомогеноста на актерската игра.
Наградата за најдобра режија ја понесе Синиша Евтимов за претставата “Сомнително лице”во продукција на Македонскиот Народен Театар. Атрактивниот и современ режисерски пристап, како и одлично изградените карактери и драмски ситуации се причините поради кои оваа претстава живее многу години на репертуарот на МНТ
Награта за најдобра машка улога ја понесе Зоран Љутков за ликот на Цанде во претставата “Солунски Патрдии”во продукција на Драски Театар Скопје. Зоран покажа врвно актерско остварување, доследност и автентичен пристап во изградбата и интерпретацијата на овој легендарен карактер
Наградата за најдобра женска улога ја понесе Елвира Аљукиќ за улогата Анѓа во пртставата “Хамлет од Долна Мрдуша”во продукција на Народниот Театар Тузла поради оригиналноста и свежината кои ги донесе на летната сцена и насмевките кои ги измами од театарската публика
Свеченото доделување на наградите ќе биде на 30ти јуни понеделник и во чест на наградените, првиот меѓународен фестивал на комедијата Гола Месечина ќе се затвори со премиерата на Театар Комедија, “Многу врева за ништо”од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски.