„Поезија под отворено небо“ во Штип

Денеска (19 септември, петок) со почеток во 20:00 часот „Дом на млади“ – Штип организира настан „Поезија под отворено небо“.

 

poezija_pod_otvoreno_nebo_stip

На Летната Арт Сцена доаѓаат авторите Имануел Мифсуд и Роман Кисјов, а на овие еминентни творци ќе им се придружат и младите поети од Македонија: Афродита Николова, Елена Пренџова и Митко Гогов, кои ќе ја заокружат вечерта со нивните свежи стихови, проследени со тивка, инспиративна музика.

Инаку, Имануел Мифсуд и Роман Кисјов престојуваат во Македонија во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Како дел од нивната програма низ Македонија е и посетата на Штип

Роман Кисјов (роден 1962 г. во Казанлак, Бугариjа) е исклучителен автор, по образование академски сликар, специјалист по живопис. Истовремено е и еден од најзначајните современи бугарски поети и препејувачи. Тој со подеднаква доблест твори и во визуелната уметност и во поезијата.

Роман Кисјов е вистински амбасадор на македонско – бугарските книжевни врски. Има преведено преку петнаесет македонски поети со репрезентативни избори на бугарски јазик. Во рамките на резиденцијалниот престој, Роман Кисјов ќе работи на најновата антологија на македонска поезија.

You May Also Like