Промоција на дуото Stringfield

Во скопското кафуле „Ли” на 19 април (петок) во 21:00 часот, скопското дуо Стрингфилд ќе ја  одржи својата промоција.

Стрингфилд е основан 2011 година. Таа година се сретнуваат Дора Бојановска (вокал) и Александар Пешевски – Салеман (гитара) и ја соединуваат креативната музичка енергија. Истата резултира со акустичен мелодичен звук наречен Стрингфилд.

Дора има членувано во бендовите Саундгејт и комплетно женскиот состав Вивид. Моментално е активна и во кавер бендот Самакутра. Салеман со својата авторска музика има настапувано на Скопско лето, Скопје прави музика, Фрик фестивал, Бош фестивал и други културни настани.

Во кафе  „Ли” каде трае изложбата „Music & Movies Inspiration“  ќе се случи првиот јавен настап на Стрингфилд со промоција на 7 песни.

You May Also Like