Денес, (понеделник, 23 април 2012 година) со почеток во 12:00 часот, ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право – УНЕСКО, во Националната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” – Скопје.
На овој ден Националната и универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски” ќе врши годишно зачленување со попуст од 50% од редовната цена. Исто така, ќе бидат презентирани пораките на Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и пораката на проф. Александар Прокопиев, од Институтот за македонска литература.