Во сабота (20 април, 2013) со почеток во 20:00 часот, во Салата на клавирите при Музејот во Битола ќе настапи реномираниот пијанист од полско потекло Славомир Добжански.
Концертот е во рамките на 22от Интерфест-Битола, како дисперзирана манифестација. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Менделсон, Шопен.
Славомир Добжански /Slawomir Dobrzanski дипломирал пијано на Музичката Академија Шопен во Варшава, Полска. Студиите ги продолжил во Конектикат каде во 2001 година се стекнал со степенот: Доктор на музичката уметност. Денес предава пијано во Државниот Универзитет на Канзас , САД, каде истовремено е и шеф на катедрата за Клавишни инструменти.
Настапува на концертните сцени на Европа, Јужна Америка, Азија, Северна Америка. Како солист настапува со реномираните оркестри: Национална Филхармонија на Варшава, Линколн Симфониски оркестар, Синфонискиот оркестар на Фредерик Шопен академија, камерните оркестри ‘‘Конектикат виртуиози‘‘, ‘‘Леополдинум камерен оркестар‘‘, ‘‘Амадеус оркестар‘‘ и други. Настапува на фестивалите: ‘‘Моцарт Фестивал‘‘ во Познањ,‘‘ Шопен фестивал‘‘ во Антонин, ‘‘Варшавска есен‘‘, ‘‘Шопен и пријателите‘‘ во Њујорк, ‘‘Шопен фестивал на Хаваи‘‘, ‘‘Ел Пасо Шопен фестивал‘‘, ‘‘Фестивал на нова музика‘‘ во Дармштад, Германија, ‘‘Музика на Гетесбург‘‘, Германија,‘‘Национален Американски фестивал на Лист асоцијација‘‘ во Линколн, ‘‘Шопен фестивал‘‘ во Мајами, ‘‘Шимановски фестивал‘‘ во Пекинг, Кина.
Влезот на концертот е слободен.