Промоција на документарен филм за Пелистер

„Нашето чудо на природата – Пелистер“ е насловот на документарниот филм што вечерва ќе биде промовиран во рамки на Битфест во Битола. Сценариото е на Каролина Николоска, а во режија на Анета Шијакова …

bitola magnolija 1

Филмот се фокусира на природните убавини на Пелистер и на неговата авантуристичка страна, претставувајќи го Пелистер како предизвик за секој човек да ги измери своите сопствени капацитети освојуваќи ја планината и црпејќи енергија од неа. Претставени се и одличните капацитети за планинарење, алпинизам и спортување.

Публиката ќе има можност да се запознае со најубавите места на Пелистер кои беа и дел од конкуренцијата за нови светски чуда.

You May Also Like