Денoви на бугарскиот филм во Кинотека на Македонија

Во киносалата на Кинотека на Македонија, в понеделник (5 ноември, 2012 година) од 20:00 часот, започнуваат „Деновите на бугарскиот филм“, а воедно ќе биде отворена и изложбата „Бугарски филмски плакати“ .

 

Програмата ги вклучува филмовите:
5 ноември /понеделник/ 20 часот – „Љубов. Нет“
12 ноември /понеделник/ 20 часот – „Лора од утро до вечер“
19 ноември /понеделник/ 20 часот – „Судбината како стаорец“
26 ноември /понеделник/ 20 часот – „Патот до врвот“
Деновите на бугарскиот филм 2012  во Скопје се реализираат во соработка со Националниот филмски центар при Министерството на културата на Р. Бугарија. Изложбата „Бугарски филмски плакати“ е реализирана со посредство на Државниот културен институт при Министерството за внатрешни работи на Бугарија. Влезот е слободен.

You May Also Like