Промоција на драмата „Р“ од Плевнеш во Софија

Во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, денеска (сабота, 23 февруари) во 17 часот, ќе се одржи промоција на бугарското издание на драмата „Р“ од Јордан Плевнеш.

 

Преводот од македонски на бугарски јазик го направи Ганчо Савов, а го издаде софиската издавачка куќа „Балканика“.

На промоцијата пригодна реч ќе одржи претседателот на фондацијата „Балканика“, Николај Стојанов, а извадоци од драмата ќе читаат првенците на театарот, Марин Јанев и Ања Пенчева.

Драмата „Р“ беше изведена во „Иван Вазов“ во октомври 1992 година, во режија на Љубиша Георгиевски, и тоа беше прво дело на македонски автор на сцената на Народниот театар во Софија по прогласувањето на македонската независност.

На премиерата се случи редок настан во новата балканска историја. Претседателите на двете држави, Жељу Жељев и Kиро Глигоров, беа присутни на театарскиот чин. „Р“ е играна во повеќе од 20 земји во светот

You May Also Like