“Асоцијативни пејзажи” изложба на Анета Ивановска Симјановска

Анета Ивановска Симјановска слика енергично со последниот нерв од својата душа…

 

aneta_ivanovska_simjanovska

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во Галерија 8-Безистен, Стара скопска чаршија во петок (07 ноември 2014) во 20:30 часот ќе се отвори изложбата на академската уметница Анета Ивановска Симјановска.

“Изложбата  на Апстрактни   слики   или   асоцијативни   пејсажи  е доста богата со кретивност и перманентна издржливост во создавање на естетско дозивување на  нашето секојдневно и универзално опкрузување.
Анета Ивановска Симјановска слика енергично со последниот нерв од својата душа. Нејзините слики  изобилуваат со драматика, динамичност и  импулсивност преточени  во специфицен ликовен ракопис,  кој  влијае на  емотивниот  сензибилитет  кај посматрачот будејќи ги рационалните сомнежи и претпоставки“ – Лилјана Христова.

You May Also Like