Изложба на Јозо Витиќ во Охрид

Денеска (петок, 12 април 2013 година) во Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена изложбата „Запрени мигови“ од Јозо Витиќ.

Јозо Витиќ е роден во Сињ, Хрватска, во 1969 година. Со фотографија се занимава  повеќе од две децении. Мотивите ги пронаоѓа во неговата татковина и во светот. Учествувал на голем број групни изложби, од кои две биле во Задар, но и на самостојни, од кои најобемната и најзначајната е онаа во Сињ во 2012 година.

Најновата самостојна изложба со наслов „Запрени мигови“, прва во Македонија, опфаќа избрани фотографии со мотиви од далечните, егзотични земји: Монголија, Кина, Непал и Индија, создадени при 11-месечниот престој на авторот на Далечниот исток и на Индискиот потконтинент.

You May Also Like