Промоција на документарниот филм „Хераклеја“

Вечер (сабота, 11 август, 2012) во Центарот за култура во Битола со почеток во 21:00 часот ќе биде промовиран документарниот филм „Хераклеја“.

 

Промоцијата на „Хераклеја“ е во организација на Здружението за промовирање на млади уметници „Сариса“ има за цел промовирање и афирмација на античкиот град Хераклеја како и поттикнување на интерес кај младата популација за нашата култура и традиција.
Веќе од понеделник во рамките на Битфест започнува „Балкански филмски караван“ во организација на  Универзитетот за аудиовизуелни уметности „Есра“ во рамките на кој ќе бидат прикажани 5 филмови од Србија, Босна, Хрватска, Црна Гора и Турција.

You May Also Like