Вториот дел од циклусот насловен 200 години волшебен свет на браќата Грим започнува да се прикажува во Кинотеката на Македонија од оваа сабота (11 мај) и ќе трае секој викенд (во сабота и недела) се до крајот на учебната година.
Најмладите повторно ќе имаат можност да се дружат со ликовите од бајките на граќата Грим кои веќе 200 години ја збогатуваат нивната фантазија.
Проектот е реализиран во соработка со Гете институт, Алфа телевизија и Наше маало продукција.