Промоција на две книги од Стефан Марковски

Промоција на книгите „Хиерархиска еволуција на свеста“ и „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ од Стефан Марковски, во фоајето на кино „Фросина“ во МКЦ утре вечер (среда, 31 октомври 2012) со почеток во 20:00 часот.


„Хиерархиска еволуција на свеста“ е неврофилозофско (филозофско и психолошко) дело кое се занимава со проучување на свеста/свесноста и нејзиното функционирање и егзистенција во мозокот во текот на човековиот живот, додека „Мета(де)конструкција и општа филозофија“ е дело во кое авторот развива посебна аналитичка методологија во општ филозофски контекст.

Промотор на првата од овие 2 книги ќе биде проф. д-р Владимир Давчев, додека за втората ќе зборува Стефан Марковски. Вечерта ќе биде збогатена и со краток настап на Костадин Героски на гитара, а завршувањето на оваа промоција ќе биде обележано со коктел.

 

You May Also Like