Одржана првата „Бела ноќ“ во Крушево

Саботата вечер, во Крушево беше ноќ за паметење. Градскиот парк се покри со белата боја, се одржа првата „Бела ноќ“ во Крушево.

krusevo_bela_nok

Овој несекојдневен настан ги собра младите крушевчани на едно место, но привлече и многубројни гости кои дојдоа од сите страни на Македонија. Она што посебно е за пофалба е фактот што забавата помина во одлична атмосфера и без ниту еден инцидент. Младите се дружеа и забавуваа до раните утрински часови.
Паралелно со „Белата ноќ“ во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата“, сеуште трае „Ревијата на современ македонски филм“.

You May Also Like