Промоција на албумот „Soul Galaxy“ од Самоил Радински

В сабота (8 септември, 2012 година) во летниот клуб Сектор 909 ќе биде промовиран деби албумот Soul Galaxy на макeдoнскиот диџеј и продуцент Самоил Радински.

Самоил Радински e диџеј и продуцент кој активно ја промовира електронската музика уште од самите почетоци на ова движење во Македонија. Активната промоција ја остварува преку работата во сопствениот клуб САГО, потоа со отварањето и водењето на првиот клуб во Македонија за електронска музика СПУТНИК каде започнува да работи професионално како диџеј. Неговата дискографската куќа Логос Рекордингс во своето работење од 4 год веќе има 40 изданија и успеа да достигне врвни резултати во светски рамки.

Soul Galaxy е прв албум на Самоил кој доаѓа после 10 -тина издадени синглови и ремикси и ќе биде издаден за сопствената Logos Recordings.

Soul Galaxy доби навистинa позитивни коментари и критики од диџеи како Vince Watson, Santiago Salazar, Paul Mac, Scott Grooves, Rick Wade. На албумот се наоѓаат 10 траки од house и techno жанрот. Како загревање пред Самоил ќе настапи Оги. Забавата започнува на полноќ.

You May Also Like