Локалитетот „Манчевци“ со вредни археолошки пронајдоци

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман и директорот на охридскиот „Завод и музеј“, Тања Паскали-Бунташеска денеска го посетија локалитетот „Манчевци“.

На овој локалитет при ископ за изградба на станбени објекти се откриени вредни археолошки остатоци: камени архтектонски градежни пластики и ранохристијанска базилика со извонредно зачуван мозаичен под, од крајот на 4 и почетокот на 5 век.

Археолошкиот локалитет „Манчевци“ се наоѓа во близина на катедралната црква „Света Софија“, на потегот кон Античкиот театар. Откриен е случајно во 2009 година при изведба на градежни работи на три индивидуални станбени објекти во Стариот дел на градот.

Во насока на откривање на целиот археолошки локалитет можно е започнување и на постапка на експропријација, односно обештетување на сопствениците на околните станбени објекти.

 

You May Also Like