Македонски стрип автори на фестивал во Призрен

Македонски стрип автори викендов ќе учествува на 8 -от Фестивал за стрип и карикатура „Призрен 2012“, организиран од Асоцијацијата за стрип и карикатура „Џенет Комикс“ од Призрен, Косово.

На фестивалот ќе учествуваат и автори на стрип и карикатура од Турција, Италија, Албанија и Косово. На фестивалот ќе бидат изложени дела од помладата стрип генерација од Македонија.
Соработка меѓу  двете земји започна во 2009 година, а Стрип центарот на Македонија-Велес е редовен гостин на овој фестивал.

Стрип центарот во Велес од 12 до 15 октомври ќе го организира 10- от јубилеен Интернационален стрип салон, на кој ќе присуствува реномираниот стрип цртач Мауро Лоренти од издавачката куќе „БОНЕЛИ“ Италија, творец на легендарниот Загор.

You May Also Like