Промоцијата на албумот „Суперхикс The Best of 20 so far…“ ќе се одржи денеска (вторник, 15 април) во „Југотон“ (Скопје, ГТЦ, прв кат) со почеток во 12:00 часот.
Овој албум, чиј дизајн го изработи Гоце Лалковски (DjGoce D’Sauce), носи 18 песни кои во најголема мера ја одбележаа досегашната кариера на бендот.
Со отворената покана до сите свои фанови и пријатели, банда инструментале најавува дека промоцијата ќе биде проследена и со заедничка прослава на 20 годишнината од постоењето на бендот.