Пијано-рецитал на Дино Имери во Музејот на град Скопје

Културно-Информативен Центар – Скопје е организатор на пијано-рециталот на Дино Имери,што ќе се одржи денеска (15 април 2014, вторник) во Музеј на град Скопје во 20:00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Лист, Дебиси, Дамир Имери и Рахмањинов.

dino_imeri_sala_lisinski.j2pg

Дино Имери (1990) е еден од најуспешните македонски пијанисти од помладата генерација.Нижо и средно училиште завршува на музичкото школо во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје со највисока оцена Cum Laude во класата на проф.Борис Романов. Во 2013г. Ги завршува магистерските студии со оцена Cum Laude под менторство на проф.Симон Трпчески со просек 10,00.

Настапувал на некои од најважните културни центри во нашата земја и надвор.
Добитник е на наградата „Виртуози“ во категоријата “Млад музички уметник“ за исклучителни успеси во 2012г. Беше ангажиран и од Европската Пијано Програма- проект подржан од Европската комисија кој содржи настапи, семинари, работилници со еминентни професори од полето на пијанизмот и посети во Македонија, Австрија, Молдавија, Полска и Франција.

Остварува снимки во соработка со повеќе телевизиски куќи во Македонија и надвор.Покрај солистички концерти Имери настапува и со ансамбли и состави.
Дино Имери со своето пијанистичко делување се појавува и како инспирација за неколку светски композитори.
Во своето досегашно искуство се здобива со неколку престижни награди, дипломи и признанија.

You May Also Like