Во Галеријата „Остен“ отворена изложба на Флор Хелуан

Изложбата „За каменот“ е реализирана како резултат на резиденцијалнот престој на авторката во Скопје во 2013 година.

fler_heruan

‘За каменот’ на француската уметница Флор Хелуан, беше отворена синоќа во просториите на галеријата ОСТЕН во Скопје.Изложбата ќе биде поставена до 31 октомври 2014 година.

За изложбата, кураторката Елена Вељановска ќе запише: „Претставувањето на светлината и темнината во уметноста, се појавува како доминантен интерес кај сликарите низ историјата на сликарството и е предмет на истражување којшто многу често се забележува во делата од ренесансата, па наваму. Првата ноќна сцена се појавува во манускриптите од раната ренесанса, а светлото, како услов за перцепија, станува основна компонента во барокното сликарство.

Француската уметница Флор Хелуан го започнува своето истражување на светлината враќајќи се наназад, од интерес кон теми од современата уметност и уметноста на новите медиуми кон основите на сликарството и неговите составни елементи. Во нејзините дела таа ја истражува природната светлина, нејзиното значење за цртежот и неговите хроматски квалитети и заситеност комбинирајќи ги со звучен експеримент којшто има за цел да ја пренесе публиката на местото кадешто се настанати цртежите.

Новата серија цртежи со јаглен насловена “За каменот”  е создадена во бронзенодопскиот архео- астрономски локалитет Кокино, во близина на Скопје. Овие цртежи се резултат од нејзиниот резиденцијален престој во Скопје, и од нејзината цел да го набљудува амбиентот на опсерваторијата во обид да ги разбере маркерите, референците во просторот и да се обиде да ги поврзе со камените маркери во Кокино. Правејќи го ова, таа се обидува да ја опфати истата глетка и да му даде смисла на просторот и да го види на ист начин како нејзините претходници, неговите креатори“.

You May Also Like