Националното здружение на граѓани со Хемофилија –Хемолог како и секоја одина така и оваа ќе го прослави Светскиот ден на Хемофилија на 17ти Април.Ова ќе биде 16та прослава на Светскиот ден во Македонија организирана од Хемолог во соработка со Светската федерација за хемофилија, Европскиот Конзорциум за Хемофилија и НВО Млади за Љубов.
Секоја година прославта се одржува во различна општина со цел едукација и прифаќање на лицата со Хемофилија . Овогодинешната прослава ќе се одрижи во Кичево под мотото “Зборувај гласно, направи промена“.Со симболично пуштање на црвени балони, лицата со хемофилија, членовите на нивните семејства и останатите присутни, ќе ја пренесат својата порака.
Хемофилијата е проблем на крварење.Лицата со Хемофилија не крварат побрзо од нормално туку крварат подолго.Нивната крв нема доволен фактор на коагулација.Факторот на коагулација е протеин во крвта кој го контролира крварењето.Хемофилијата е прилично ретка.Одприлика 1 на 10.000 лица се раѓаат со Хемофилија. Луѓето се раѓаат со Хемофилија.Таа неможе да се префати од некого како настинка.Хемофилијата најчесто е наследна,што значи дека таа се добива од гените на родителите но околу 30% од лицата со Хемофилија ја немаат наследено од родителите туку настанала од генетска промена.
Во Македонија има околу 300 регистрирани лица со Хемофилија.