Нови сцени и нови имиња на Сигет

На официјалната годишна СИГЕТ прес-конференција на Сигет која се одржа на 14 април во Будимпешта во популарниот А38 Брод, беа презентирани годинешните планови за структурата на сцените и програмата на фестивалот.

zsiget

 

Меѓу другото, организаторите открија и 5 нови музички имиња – Outkast, Manic Street Preachers, The 1975, R3hab и Madeon – кои ќе им се приклучат на претходно најавените Queens of the Stone Age, The Prodigy, Macklemore, Imagine Dragons, Bastille, Skrillex, Placebo, Lilly Alen, The Kooks и мн. други. Шоуто за затворање на фестивалот ќе биде презентирано од страна Calvin Harris и официјално ги потврдиме претходните наговестувања дека шоуто за отворање на фестивалот ќе биде презентирано од Deadmau5.

Сигет годинава ќе се одржи од 11-18 август и на посетителите ќе им овозможи уште еден фестивалски летен одмор од соништата!

Да се овозможи програма со големи интернационални музички ѕвезди беше навистина голем предизвик изминативе години токму поради тоа што Сигет се случуваше на почетокот на август кога сите поголеми имиња вообичаено се на турнеја во САД и Јапонија и не беа во можност да ја прифатат нашата покана да настапуваат на Сигет. Се чини дека го направивме вистинскиот потег што го поместивме датумот на случувањата една недела подоцна (11-18 авгус), па сега имаме можност во програмата да вклучиме и многу поголеми имиња во споредба со минатата година. Од друга страна не се откажуваме од нашата стратегија секоја година Сигет да понуди и волшебно визуелно дожувување и унапредување на услугите на располагање на посетителите, па подгответе се за уште едно одлично издание на фестивалот – изјави Карољ Геренди, генералниот менаџер и основач на Сигет.

Една од најзначајните промени во овогодишното издание е дека Денот 0 (12 август), ќе понуди многу посилна музичка програма во споредба со минатите изданија. На овој ден ќе настапат Anti-Flag, Ska-P и Queens of the Stone Age. За разлика од лани кога имаше грандиозно затворање на фестивалот, оваа година ќе има и грандиозно отворање со Deadmau5, како загревање за престојаната недела дена забава без граници.

Сигет е замислен како заедница на голем број весели луѓе од целиот свет. Уште од првото издание Сигет усшешно ја остварува својата мисија овозможувајќи активности и за помалите и за поголемите групи на луѓе. Оваа година се воведува нова сцена наречена Campfire Stage или во слободен превод Сцена покрај камперскиот оган која е дизајнирана да овозможи настап и на професионални, но и на аматерски музичари кои ако бидат избрани, ќе имаат акустичен перформанс покрај огонот. Оваа сцена ќе симболизира и оддавање посебна почит и меморијал за големиот фестивал Вудсток, таткото на сите гоелми фестивали во светот кој се одржа токму пред 45 години.

Sziget Community Garden ќе биде уште една нова свежа сцена не само на Сигет, туку и воопшто на целата фестивалска сцена во светот. Таа ќе ги пречекува сите посетители со отворени гледишта и ќе го презентира светот на урбаните градини. Плажата Сигет (Sziget Beach) беше воведена лани и доживеа инстант популарност, па со оглед на тоа и оваа година ќе биде дел од програмата на фестивалот. И кога веќе споменавме некои од поспецифичните сцени на Сигет, мораме да го споменеме и квартот на Ruin Pubs (Пабови во урнатини), кои се едни од поспецифичните обележја на ноќниот живот на Будимпешта.

Во 2014 на главната сцена повторно ќе има забави од типот на колор парти, забава со знамиња, забава со балони, забава со топки за плажа, забава со меурчиња и сл.

You May Also Like