Режисерот, сценарист и продуцент на филмот „Интерстелар“, Кристофер Нолан, поставува провокативно прашање за тоа каде е местото на човековиот род меѓу ѕвездите.
Филмот „Интерстелар“ на Кристофер Нолан во Синеплекс премиерно ќе биде прикажан на 6 ноември (четврток), на еден ден пред премиерата во САД.
Човечкиот род својата судбина отсекогаш ја обликувало поместувањето на границите – од првите бродови кои заполовија кон хоризонтот до првите човекови чекори на површината на Месечината – но, крајната граница се уште не ни е на дофат.
Интересната и егзотична авантура „Хектор во потрага по среќа“ во Cineplexx исто така доаѓа на 6 ноември.
Режисерот Питер Челс на големото платно ни ја носи приказната за ексцентричниот
психијатар Хектор, создадена врз основа на успешниот роман на Франсоа Лелор. Шармантната
метафора за модерниот живот, во која главните улоги ги играат Сајмон Пег и Розамунд Пајк,
публиката ќе има можност да ја види во филмот „Хектор во потрага по среќа“ од 6 ноември.