Промоција на албум на Fin Project

На 13 февруари (среда)  во ресторанот Пелистер (поранешен Дал Мет Фу) , со почеток во 12:00 ќе се одржи промоција на новиот албум на Fin Project со наслов “Beats & Ornaments / Inside Macedonia”.

 

 

Авторот на проектот Никола Стојковски во албумот низ мотивите на македонската традиционална музика во современи електронски аранжмани ни носи еден нов пристап кон македонската музика.

На албумот како гости се пјавуваат Даниел Маневски на кавал, Боби Серафимовски на гитара, и како вокали Елена Христова и Теа Богатинова.

You May Also Like