Филмовите „Венчавка на годината“ и „Книгата на мртвите“ ќе бидат поставени на репертоарот на Синеплекс почнувајќи од денеска (четврток, 02 мај 2013).
„Венчавка на годината“ со познатите глумци Роберт Де Ниро, Сузан Сарандон, Дајан Китон, Аманда Сејфилд, Кетрин Хејгл. Филмот го прикажува најголемиот ден на младите Миси и Алехандро. За време на венчавката на виделина испливуваат многу лаги и религиски проблеми. Но што всушност ќе се случи кога целото семејство ќе пристигне на свадбата?
Брачен пар кој е долго време разведен се труди да ги убеди останатите дека се се уште во брак додека нивното семејство се собира за венчавка. Биолошката мајка на Дон, жена католик со потекло од Колумбија, исто така е присутна на венчавката и не е известена дека старателите на нејзиниот син се разведени. Преку смешни ситуации и комични случувања, приказната ќе се движи во правец кон семејните врски и што е тоа што всушност го прави семејството – семејство.
„Книгата на мртвите“ е римејк на култниот хорор од 1981, оценет како еден од најстрашните филмови на сите времиња ја следи борбата за живот на пет
дваесетгодишници. Тие ќе се најдат затечени во осамена колиба. Кога ќе ја пронајдат книгата на мртвите од неа ќе ги привлечат скриените демони од блиската шума кои редовно ги опседнуваат. Во обид да се спасат еден од нив не остане недопрен борејќи се за својот живот.
Киното Cineplexx за време на празниците ќе работи со редовно работно време, освен во недела кога работното време на киното е скратено, до 22:00 часот.
Репертоарот на Синеплекс тука