Кон ЕГЗИТ Р:Еволуција се приклучи и УКФ Мјузик (UKF Music), најголемата и најзначајната светска музичка платформа посветена на проширување, претставување и промовирање на сите аспекти на андерграунд и бејс музичката култура. УКФ и ЕГЗИТ ќе претстават нова музичка програма на овогодинешниот фестивал насловена „Екс-Бејс Тејковер“ (X-Bass Takeover).
„Егзит е дефинитивно еден од највлијателните фестивали на денешницата“ – изјави Џени Кошрејн (Jenni Cochrane), ивент/тур директор на УКФ Мјузик. „Голема чест ни претставува да стапиме во ова ексклузивно партнерство со Егзит фестивал. УКФ и Егзит делат заедничка цел, а тоа е да ги обединат љубителите на музиката од целиот свет за да креираме неповторливо фестивалско искуство.“
„Со повеќе од 3 милиони следбеници и повеќе од една милијарда прегледувања на своите ‘Јутјуб’ канали, промовирајќи ги најдобрите и најактуелните музички достигнувања кои се заштитен знак на овој, инаку енергичен музички правец, УКФ Мјузик претставува идеален избор на партнер кој популарната ‘Афтер 2’ (After 2) програма на Егзит фестивалот ќе ја подигне на уште повисоко ниво.“ – изјави Драган Амброзиќ, програмски селектор на главната фестивалска бина.
Во првата половина од изведувачите на „Екс-Бејс Тејковер“ програмата од кои секако се истакнува Диџеј Фреш Лајв (DJ Fresh LIVE), еден од највлијателните светски продуценти и диџеи чии хитови „Hot right now“, „Louder“ и „Gold dust“ ги одбележаа 2011 и 2012 година со скоро 100 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот. Прв пат на овие простори Диџеј Фреш ќе настапи со бенд, кој ќе даде сосема нова димензија на неговиот настап.
Енергичноста и доживувањата на овој дел од програмата на главната бина, ќе ги надополнат и артисти како: СкиСМ (SkiSM), Даб Физикс (Dub Phizix) и Ем-си Сратеџи (MC Strategy), Д Прототајпс (The Prototypes), Брукс Брадерс (Brookes Brothers), Инспектор Дабплејт (Inspector Dubplate), како и Фрикшн (Friction) и Ем-си Лингвистикс (MC Linguistics).
Втората половина од изведувачите кои ќе настапат во рамките на Екс-бејс Тејковер (X-bass Takeover) програмата на фестивалот ќе биде објавена за неколку недели.
ЕКС-БЕЈС ТВРДИНА
Во моментите на своите блескави почетоци во 2001 година, кога Рони Сајз (Roni Size) и Ем-си Дајнамајт (Mc Dynamite) приредуваа спектакли со своите настапи, вжештената атмосфера го наметна прашањето „Србија, дали си подготвена за иднината?“. Конекцијата на андерграунд и бејс звукот со Егзит фестивалот беше опиплива, жива. Земјата веќе наголемо чекореше во иднината.
Дали е во прашање амбиентот на старата тврдина, карпите од кои се постила погледот над Дунав или напливот на позитивни вибрации помеѓу изведувачите и публиката, не можеме со сигурност да кажеме, но секако дека оној кој ја почувствувал оваа енергија може да потврди дека е единствено чувството да се биде помеѓу 35.000 луѓе кои непрестано скокаат во ритамот на музиката која ја творат најголемите светски имиња на андерграунд и драмендбејс музиката на главната бина, откако „лајв“ бендовите ќе го отсвират својот последен акорд.
Веќе долг низ години, од 2 часот после полноќ, главната бина (Main Stage) претсавува место за собирање на вистинските фанови на драмендбејс, дабстеп и хип-хоп звукот, кои до раните утрински часови имаа прилика да уживаат во настапите на артисти како: Рони Сајз (Roni Size), Чејс енд Статус (Chase and Status), Енди Си (Andy C), Ел-ти-џи Букем (LTJ Bukem), Пендулум (Pendulum), Магнетик Мен (Magnetic Man) и многу други… „Афтер 2 ам“ програмата прерасна во уште еден заштитен знак на Егзит фестивалот.
Р:Еволуција ЕГЗИТ (R:Evolucija EXIT) фестивалот 2013 година подразбира и унапредување на оваа музичка култура. За да се додаде моќ на листата на изведувачите и уште повеќе да се покрене публиката, силите ги здружија Егзит фестивал и УКФ Мјузик.
ВЛЕЗНИЦИ:
Актуелната цена на петдневните влезници за претстојниот ЕГЗИТ фестивал изнесува 3580 денари, додека влезниците за фестивалскиот камп чинат 1650 денари и можат да се купат во Југотон, ГТЦ Скопје и продажната мрежа на МКтикетс.