Филмот за македонскиот рис вечерва во Кинотека

Документарниот филм „Во срцето на Балканот- Барајќи го рисот“ на познатата германска авторка и режисерка Корнелија Фолк, повторно ќе биде прикажан во Скопје на денеска (30 мај,четврток) во 20:00 часот во Кинотека Македонија.

 

„Во срцето на Балканот- Барајќи го рисот“ ја раскажува приказната за младиот рис Марко, којшто тимот на Македонското еколошко друштво го залови во Националниот парк Маврово во 2010 година и на којшто за прв пат во Македонија му беше поставен GPS околувратник. Филмот претставува и потсетник за загрозеноста на балканскиот рис, чија бројност е на работ на истребување на Балканот.

Прикажувањето на овој документарен филм е во рамки на програмата посветена на филмови за животните и нивната заштита во организација на Кинотека на Македонија која што започнува од денеска и ќе трае до петок (29-31 мај).

Филмот е изработени од германската продукција Метју Филм, во име на Мителдојчер Рундфунк (МДР) во соработка со европскиот канал за култура Арте. Премиерно беше емитуван на неколку јавни телевизиски канали во Европа во 2011 година а беше дел од меѓународни филмски фестивали за природа во Германија, Аврстрија, Италија, Естонија, Финска, Словачка, Чешка, Полска и Кина

You May Also Like