Четири нови премиери оваа недела во Синеплекс

Оваа недела на кино репертоарот на Синеплекс ќе се најдат четири различни жанрови, четири премиери.

film_sto_sme_mu_zgresile_na_boga

По неговото прикажување како дел од Филмоманија, филмот на Ханс Питер Моланд „По ред на исчезнување“ ќе се најде на редовниот репертоар на Синеплекс.

Станува збор за норвешка драма со комични елементи која навлегува во длабоките слоеви на норвешката и српската мафија. Нилс вози трактор и живее безгрижно во зимскиот рај, гратчето Бајтостолен. Меѓутоа, ненадејната смрт на син му го внесува во војна на дроги меѓу норвешката мафија и Србите. Во тој свет тој е само почетник – вооружен со јака машина и почетничка среќа.
Награди и фестивали: Берлински филмски фестивал – службена конкуренција.

Француската комедија „Што сме му згрешиле на Бога“ говори за животот на католичкото семејството Вернеј кое се припрема за свадбата на четирите ќерки. Но, од моментот кога родителите ќе се запознаат со идните зетови, нивната среќа се менува…
Угледна висока класа – ценети родители со четири преубави ќерки. Три од нив имале мултикултурни свадби кои родителите не ги прифатиле сосем фино, но кога четвртата ќерка Лаура ќе реши да се омажи за Чарлс, тоа целосно ги запрепастува! Најпосле една традиционална свадба. Меѓутоа, оној миг кога Лаура ќе им соопшти дека Чарлс има африканско потекло наеднаш сè тргнува на лошо. Едната сестра планира да ѝ ја саботира свадбата, додека другата запаѓа во длабока потиштеност. Единствената личност која ќе се покаже како нејзин верен сојузник е нејзиниот свекор Анде.

ANNABELLE

Хоророт „Анабела“ се одвива пред да се случи најголемото зло во светот. Џон Форм го пронајде совршениот подарок за неговара бремена сопруга Миа – убава, стара и ретка кукла во чиста бела венчаница. Но, воодушевивањето на Миа со Анабела не траеше долго. Една страшна ноќ, нивниот дом е нападнат од членови на сатанистички култ, кои насилно ја напаѓaат двојката. Прелиената крв и терор не е се што оставија зад себе. Припадниците на култот имаат создадено нешто што е толку зло што ништо што тие би можеле да направат не би можело да се спореди со злото наречено Анабела.

„Авантурите на пчеличката Маја“ е германска книга напишана од Валдемар Бонселс и објавена во 1912 година. Книгата е објавена и на многу други јазици, а се појави и како стрип, анимирана телевизиска серија и сега како долгометражен филм. Во заднината на долгогодишен конфликт меѓу пчелите и стршлените, Маја е родена во свет на ред и закони. Нејзините урнебесно чудни обиди да се вклопи „и да биде пчела“ ја доведуваат во неволја со тесноградата советничка на кралицата Базлина. Нејзиниот ентузијазам ќе ја однесе до ливадата каде го наоѓа Флип, скакулецот виолинист, мудар и пријателски ментор кои и открива прекрасни цвеќиња и некои други жители. На училиште, љубезната учителка г-ѓа Касандра се обидува да и помогне на Маја да учи заедно со другите мали пчели, но реакциите на нејзините соученици на нејзината живост и прашањата ја прават да се чувствува како да не припаѓа тука. За среќа, Вили кој исто така нема пријатели и Маја откриваат дека си се допаѓаат еден на друг. Заедно со својот пријател Вили, Маја одлетува на ливадата во возбудлива авантура за самоспознавање.

You May Also Like