На 24 август 2012, Градскиот Парк во Берово ќе биде годинашен домаќин на урбаниот звук, чистиот планински воздух, топлиот дух на беровчани заедно со артистите ќе ја крунисаат вистинската завршница на ова лето под едно име URBAN SUMMER FESTIVAL 2012.
На главната сцена ќе настапат: Миленикот на македонската публика, големиот хит-мејкер Роберт Билбилов, девојката што ги освои срцата на европските продуценти и големиот power play хит „Time, Time“ Rennata, локалниот легендарен бенд New Sound, неповторливата девојка – Dj сензација која продава бројни музичkи синглови за Ибица со претпознатливиот Euro – Lounge Style Marga Sol, и веќе докажаниот Antenna 5 Dj, Erik Fox заедно со многу други атрактивни aртисти.
Влезот е слободен.