Во текот на вчерашниот ден во просториите на Студент ФМ 92.9 – Универзитетско радио гостуваше познатиот стенд ап комичар и актер од Битола, Марјан Георгиевски. Интервјуто кое се емитуваше утринава во контактната емисија Разбуди се, ви го презентираме ексклузивно, во целост. Интервјуто го направи Кирил Трајков.
Студент ФМ: Зошто баш stand up комедија?
Марјан: Па во суштина и на stand up комедијата мисијата и е да дава некоја таква критика, некоја социјална критика од обични случувања, од работи кои што ни се случуваат во секојдневието, а не ги збориме или си ги збориме само дома, а јавно никогаш не можеш да ги кажеш. Кога ќе се случи на пример во секој сегмент може да видиш најразлични случки кои што си ги премолчуваме и после тоа кога ќе се видиме со истите тие луѓе на кои што треба да им ја кажеш вистината во очи, го тапкаш по рамо и викаш дааааааа така е супер е, супер си, а зад грб викаш кај се појави овој човече… нејќам да го видам.
Ние патиме, мислам, како Македонци од вистината да си ја кажеме во очи, ама тоа е недоволна храброст и недоволна искреност кон луѓето искрено на некој да му кажеш нешто што мислиш во очи оти луѓето премногу емотивно си го земаат при срце. „Ти имаш нешто против мене!“ – „Не, немам ништо против тебе, да ти кажам само каков си!“ Знаеш колку пати се случувало?! Јас тука во студентски дом Гоце живеев, во Стив живеев, ги гледав работите од таа перспектива малце кон општеството. Е па ако сакаш да доживееш студентски живот мислам, не да живееш туку да преживееш во студентски дом оди во Гоце или во Стив и ќе видиш таму како функционираат работите и ќе ја видиш таму хиерархијата која што е поставена, прво условите т.е. да не правиме муабет за условите, тоа е страшно и таму ќе видиш еден куп работи кои што претходно пред да влезеш ти во тој студентски дом 300 условувања и 300 обврски за да влезеш во студентскиот дом и од кога ќе влезеш е тука почнува целата приказна оди преживеј. Јас на седми спрат живеев во В блок, соба 707 и долу се наоѓа диско човече и ти седиш и тоа се тресе.
Студент ФМ: Тоа таман така е еден мотив за учење…
Марјан: Даааа…. мотив за учење се осеќаш така наклонет кон учењето, се надеваш дека ќе го положиш испитот и така натаму, а тука долу Дуле и Коки пример Марама слушаш или Жаре Бербер, а тоа не го пишува нигде дека таму настапува.
Студент ФМ: Да не ги заборавиме така некои Рандом што поминуваат низ ходникот така полу наштелуван од некоја вотка…
Марјан: Ај да е полу наштелуван, нас ни се дешаваше да влезат луѓе в соба, оти знаеш собите како се направени, сите се исти, влегува, седнува и не гледа пијан до кај што оди и не гледа и ни вика што барате во мојата соба. Сега ем ти седиш в соба и ништо не правиш, ти вика што барате во мојата соба. Тој толку пијан ја згреши собата човече. Имавме едно што го плаќаш на почеток – КЗЖ значи од социјализмот останато, културно забавен живот во Гоце. Е сите плаќавме по стотче, по двеста не знам колку плаќавме и си избираш каков настан сакаш да имаш за твојот културно забавен живот, да те подигне на едно повисоко ниво културно и за една година јас кога бев не знам 2008 или 2009 ја избравме Волчица, една мала реклама за Волчица значи долу тоа диското тако званото диско тоа се две три соби турнати ѕидовите и тука сме сите и реков ај да видиме што е таа атракција Волчица. Влеговме внатре, МАЖИ, ГОЛИ СЛЕЧЕНИ со шлаг пена потурени и со камшици ги мава. Ги мава со камшици Волчица и сите фасцинирани, многу е забавно, многу е забавно и плаќаш за тоа. Си викаш кај ми одат парите, човече. Културно забавен живот. Не подигна на едно ниво да речам.
Студент ФМ: Па добро не е секојдневие да видиш жена со камшик како те мава, а ти згора на тоа да си во пена за бричење. Како и да е, дапочнеме од почеток. Како се роди идејата Марјан да сака да ги забавува луѓето со нивното секојдневие?
Марјан: Идејата се роди уште многу порано, кога ќе добиеш чуство, прво знаеш пред другарчињата е најубаво да си смешен и другарчињата ти се смеат на сите муабети, али тоа се другарчиња. Али постепено….
Студент ФМ: Тоа е исто кога мајката ти ќе ти каже сине мој ти си најубав, многу те сакам.
Марјан: Ти си најубав многу те сакам… знам мамо ама кога ќе сфатиш по една година дека само мајкати ти го вели тоа е тоа не е убаво. И постепено почнуваше таа група да се шири некако на луѓе да, кога и да се појавиш и да кажеш нешто луѓето некако позитивно го доживуваат тоа, постепено почнуваш да ги анимираш луѓето. Од средно, јас средно техничко завршив електроника, електроничар. Татко ми рече: „Ти може нема да завршиш факултет па ќе си имаш занает“ и што да се запишам, дете мало не знае што да се запишеш, ме насочи кон електрониката и уште првиот ден кога појдов на училиште ни вели професорот: „Оваа вашава струка е умрена ради тоа што никој телевизор не поправа повеќе“. Сега плазма се зема ќе се расипе, се фрла . Викам за што учам јас и после за матурска вежба главната оценка што ја добиваш е поправање на телевизор со ламби од оние што беа. Пронајди го проблемот? Која ламба е расипана? Значи тоа малце како музејска вредност има сфаќаш, како реставратор на икони и фрески се осеќа.
Студент ФМ: Може ќе се најде некоја работа во музеј, поправање на артефакти нешто мора зашто вака џабе…
Марјан: И постепено во средно дури бев, гледаш дека почнуваат луѓето да сакаат да го слушаат тоа што го збориш и сфаќаш дека имаш некоја даденост за нешто, за нешто такво, да ги анимираш луѓето и уште не знаев што значи stand up комедијата и веќе кога се запишав на факултет имав среќа од стотина луѓе да ме примат во кругот помал од петнаесет луѓе и тука се променија многу работи, веќе премина се во професионално со едукација целосна, актерска да речам и веќе на факултет професорот ми даваше некоја литература, ме насочуваше да ми открие некои работи кои што гледа дека ги поседувам на некој начин ама да ми каже кои се тие. После тоа бев на неколку семинари надвор од Македонија да видам како го прават нештото надвор и решив многу сериозно да се занимавам со stand up комедијата и да нема многу тука зезанција кога се работи за хуморот.
Студент ФМ: Имаш ли идол бидејќи спомна странство еве да се фатиме за Америка и за американските комичари имаш ли некој идол од кај што црпиш мотив и идеја?
Марјан: Stand up комичарите што се во Америка функционираат на поинаков начин малку. Тоа е сепак Америка. Во Америка немаат проблем да зборат за Обама. Тука не знам дали би имало проблем.
Студент ФМ: Ако малку прополитички се оринтираш…
Марјан: Пример, да, пример про политички, хуморот може во секоја сфера. Таму има створено култура на гледање. Таму има култура на восприемање на stand up комедијата. Тоа е стара, постара дисциплина значи не е тоа од вчера измислено, истото и мене не ми текнало тоа дека сега јас сум смешен и сега ќе правам stand up комедија. Јас не ги гледам, немам идоли, јас никогаш ни од мал сум немал во собата никакви постери на некакви пеачи или не знам некакви си ѕвезди кои што сум сакал да ги пратам или не знам да слушам само од едни музика. Секогаш сум бил отворен, единствено што пратам е ги гледам луѓето на кој начин работат, на кој начин постигнуваат и едноставно сум човек што сака да го каже тоа што го има, гледам дека луѓето реагираат на тоа.
Студент ФМ: Претпоставувам нели, убаво е чувството кога некој ќе ти се насмее на шала…
Марјан: Нема поголема сатисфакција зашто успеваш на некој да му го разубавиш денот, а притоа да му кажеш што мислиш за него, искрено, а тој да не се навреди.
Студент ФМ: Искрено има премногу статуси на фејсбук од стилот на попрво кажи ми што мислиш за мене во лице од колку зад грб, а кога ќе му го кажеш тоа в лице значи со се, со сите марифети, со сите нишани, пу пу ја не играем. Не може вака, има доста такви случаеви. На некое место прочитав дека за продукциската куќа Dreamcast Production тие всушност те виделе на две клипчиња снимани на мобилен телефон.
Марјан: Да, значи тоа почна со… јас немам никаква подршка од телевизии, од медиуми кои што би ме промовирале некако значи настапите почнаа на 20ти април 2011 година заедно со Никола Тодороски од Охрид, колега, почнавме во Битола гостувавме на една емисија и толку. Првиот настан има луѓе, вториот настан помалку, третиот веќе го откажавме оти нема луѓе. Нема луѓе, не те знаат и тука исто настапивме на неколку места али никој не те знае човече, вика кој е овој сега од Битола дојден тука мене да ме зеза, рандом дечко, анонимус тотален. Си реков сега единствен медиум кој што го имам тука да го искористам е интенетот и решив да снимам со апарат клипови, знаев точно што сакав. Идејата ја имав, се снимав, имав сценарио, сценариото тотално сам ги пишувам и се снимав, ги измонтирав и ги појавив на интернет. После првиот клип ми се јавија од Dreamcast Production, Александар Котевски кој што е уште студент, го поздравувам и ми понуди да го снимаме тоа со професионална опрема и да добие таков некој попрофесионален шмек, а да го даваме тотално беспари.
Студент ФМ: Убаво е кога ќе се пробие човек, кога ќе го видат во секој случај кога ќе ти пристапи некој од страна кога ќе те побара за да соработува со тебе… Што си помисли ти во тој момент тогаш кога те побараа за попрофесионална соработка со некоја продукција.
Марјан: Јас со Александар се знам од порано, заедно студиравме на факултетот, тој уште студира али се знаевме така чисто дека ние на факултет сме сто луѓе. Цел факултет ни е незнам, пола генерација од електро. Не, која пола, четврт генерација од електро и се знаеме сите. Јас знаев дека тој студира на факултетот ама никогаш не се запознавме повеќе и тој ми понуди, се задрживме и веќе препознав човек кој што размислува како мене, ги чуствуваме работите исто оти е многу битно. Тој снима, тој монтира. Јас му го давам сценариото ама човекот кој што стои како техника мора…. на иста бранова должина да сме.
Студент ФМ: Рече дека пишуваш сценарија. Како ти доаѓаат идеите за тие сценарија. На пример за Компјутерџии еве моето најомилено бидејќи се сметам како таков и за било која друга тема, како ти доаѓаат идеите да исмејувате одредена група односно да „обработите“ некоја група луѓе?
Марјан: Во текот на денот еднаш барем пиеш кафе некаде. На пример ние битолчани два пати во денот минимум на широк сокак. Оди во градски автобус ќе видиш една тема, оди во здравството ќе видиш друга тема, друга ситуација, ако живееш во студентски дом ќе видиш друго нешто, ако одиш да се вработиш и ако одиш на интервју ќе видиш трета тема. Секојдневно обично, сега на пример ние што правиме интервју, што се случува е една тема, ќе го има во некое клипче…
СтудентФМ: Ееееееј супер ако не има во некое клипче баш ќе ни биде мило…
Марјан: Значи јас тотално отворен стојам за темите, не ги фиксирам и не ми се однапред напишани дваесет теми… Не е ништо фиксирано до моментот дури да се случи. Цело време ги пратам луѓето како реагираат, контактирам со нив, гледамшто нив им е интересно, што нив ги засега, што нив им е интересно, што ги замара, што нив им врши притисок, што ги неривра… Стопати сигурно си бил да трчаш по професор со индексот, дај ми оценка молим те… Се имаш положено не можеш молим те…
Студент ФМ: Имаш прашања од типот што добила уметничката лизгачка во 1928 година за прво место награда ако ми кажеш еве ти потпис, некои рандом прашања…
Марјан: Епа сите тие работи се добри да се стават во некој клип и да ги види јавноста. Сите ние си ги кажуваме тие работи така. Дека на некој факултет го фрлал индексот професорот низ прозор и ако се врати индексот ќе ти пишам оценка и некоја чистачка од оздола го фрлила и рекол еј се врати… пиши сеа оценка, па некој исто така ај кажи ми пи цела колку изнесува ќе ти пишам оценка и има некој ненормален и ги пишува и ги реди сите. Ај оди разбери се…
СтудентФМ: Не тоа ни професорот не го знае така да че мора да попушти. Омилен лик, омилен твој лик, кој ти е?
Марјан: Лик од клиповите?
СтудентФМ: Да.
Марјан: Сите си имаат некој шмек али лик кој што најмногу некако….
СтудентФМ: Јас се сомневам на еден…
Марјан: Според тебе?
СтудентФМ: Според мене!? Леонарда…
Марјан: Леонарда?
СтудентФМ: Погодив?
Марјан: Па има, има нешто ама таа е од женска перспектива. Од машка перспектива тука е Леон, го имаш чичко Милован за постарата генерација кој што знае парче да направи се живо и диво и тоа нема милост кај него. Нема милост кај него, така е жустар што и да каже ништо не поштува, ништо, нема кај него…
СтудентФМ: Не … жива сила… Знаеш ли дека има демотивациони постери со тебе по интернет? Си ги видел?
Марјан: Нешто имам ѕирнато да…
СтудентФМ: Со нинтендо нешто има. Фацата ти е како нинтендо и тука ја имаш баш Леонарда со нејзината нова панделка од Солун купена тазе…
Марјан: Така, така е сега има и една друга демотивација кај што пишува овој човек може да ја насмее цела држава и после тоа тука има некои негативни коментари од типот кој е овој бе, овој ли ќе ја насмеел по дуксерка сликан, не знам што, тој хумор ќе правел… и тука има разни такви негативни што ОК е да ги има, знаеш ги сфаќам љубоморните луѓе немам јас проблем со љубоморни, исфрустрирани никаков проблем немам со таквите луѓе… што повеќе ти се појавуваат имаш тема, имаш работа, имаш со кој да се занимаваш тоа ти е не знам, провокација…
СтудентФМ: Можно ли е во иднина да видиме некое клипче за хејтери на пример?
Марјан: Да, да ама тоа треба да е не знам, цела епизода од пола саат или саат…
СтудентФМ: Некоја компилација, The Best of…, Highlghts до сега… Колку имаш… рече дека не се фиксираш на теми, да не имаш ли борјка на клипчиња кој што планираш да ги направиш, на пример сезона 1 – 20 клипчиња…?
Марјан: Идејата е да продолжи понатаму, да се движи ќе видиме до каде и како и веќе сум во разговори со медиуми во Македонија и надвор од Македонија кои што… целото нешто да премине во друга форма можеби директно со публика… ќе видиме уште не е ништо официјализирано али ова продолжува со клиповите нема да заврши дур има луѓе што ги гледаат, дур има снимање…
СтудентФМ: Па мислам дека клиповите ти се еден вид Trade Mark. Да отидеш на било кој друг медиум мислам дека ефектот пак ќе го имаш од клиповите и тој начин на пренесување…
Марјан: Е па да… Мене луѓето ме запознаа како еден обичен човек од Битола со… што снима клипови и што им ги кажува работите в лице. Некои се смеат, некои не се смеат, некои ги боли нешто кога ќе им се спомне, некој Леон ќе се препознае не знам… зависи…
СтудентФМ: Јас прв пат… прво некои клипче што го погледнав од тебе беше за компјутерџии и искрено крајно се изнервирав и се налутив веројатно изгледа дека многу ме погоди. Имаше значи некои тешки вистини во тоа значи се дружам со луѓе што сме 24 часа со компјутери, со гејминг и буквално термините во јазикот ни се од тој тип и стварно некогаш сум се нашол во ситуации што го прават тоа и од тогаш реков дека нема да го гледам, дека човеков е фаил до некаде и дека премногу е искрен и сите тие такви теории дека нема да ја бива работата. Ама работава почна, некои другари почнаа да ги лепат на фејсбук, се смеат и викам таман ќе погледнам и баш се погоди да ја видам за ТВ Серии.
Е значи на ТВ Серии ги седнав мајка ми и татко ми. Викам чекајте сеа ова Нанида, Лале-Мале пауза малкуцка, на плазмата, на big screen го пуштам и го гледаме. Мислам дека шеќер и вода им давав да се смират до смеење после тоа. Значи до тој стадиум стигна целава работа бидејќи сакаа да се смеат и да плачат во исто време бидејќи се пронајдоа значи 99.5% во ситуацијата. Беше крајно реално особено моментот значи многу ми се допадна за тоа клипче кога детето ја вика мајката мамо, мамо, а таа ги запишува термините на сериите и кога почна: ПРЕКИНИ, ПРЕКИНИ…. и продолжува со нејзиното набројување…
Марјан: Баш сакам да се надоврзам на ова. Значи во stand up комедијата јас сум прв кој што ќе се изложам на тапет и ќе ги кажам сите мои мани, сите мои фрустрации, сите мои комплекси ама тоа треба да ми биде некаква дозвола и за другите луѓе. Јас ќе се зезам на моја сметка, да и вие дозволите… Ако и тебе те навредило компјутерџијии ама доживеј го тоа, тоа е јбг… Али сега има и други луѓе што се на тапет. Да си ги кажеме работите очи во очи, исто како во друштво. Значи има еден, што велиш ти, кажи ми ја вистината кажи ми ја вистината во очи. Оди кажи му на некој дека во фризурата е како петел… одма ќе почне да се вреѓа леле па оти така ми збориш јас не знам што… или на некоја девојка дека воопшто ништо и ништо не и стои и да те праша: Убаво ми стои? И што ќе речеш? Не? Не можам да сфатам… или на пример: Ослабена сум? А не е… и што ќе речеш… си малку…
СтудентФМ: Како мартаделче… јас лично, па и мислам дека најдов на некои од youtube коментариве дека те поистоветуваат со House заради твојата искреност. Само што House комедијата ја прави на малку потажен начин, ти ја правиш на повесел… Дали би се пронашол со ликот на House односно со Hugh Laurie?
Марјан: Па не знам… па не баш тоа е друг свет ние пак ги гледаме, ние се поистоветуваме со такви серии, ги гледаме, влијанието го осеќаме преку филмови, преку музика, преку комедија и така натаму ама друг свет е овде, овде е друг свет, друг муабет. Мораш да им се приспособи на луѓето македонското, балканското, да се најде тој начин на момент да не те распрнат на форуми, а да си го кажеш своето. Е тоа е таа некоја тенка линија која што бара да ги видиш во светот како работат луѓето ама и да видиш што се случува и на Балканот.
СтудентФМ: Имам уште две прашања за тебе пред да го завршиме овој разговор… Каква беше реакцијата на твоите дома кога еве првите две-три клипчиња отидоа во етер, кога почна веќе да се крева фама околу твоите видеа, што ти рекоа твоите каква беше нивната реакција?
Марјан: На почеток татко ми лееееелеееее сине абе немој таму не знам да не ти пишат нешто не убаво, нешто да не велат оти овој вака прави, не знам некои такви работи. После тоа како почнаа и од почеток и сите луѓе имаш малку клика, другарчињата евентуално роднини сите се активирани ајде детето да тргне… и сите пишуваат позитивни коментари, се е супер, браво напред , терај не знам што…. доживеа клип десет илјади клика почнаа одма… не чини, ти си оваков, ти си таков, исфрустриран еден, бегај таму тој ќе зборел, битолски зборел намерно ги мрази скопјаните, не знам што правел…. абе доста луѓе, олабајте нема везе…. сега татко ми и мајка ми… татко ми има сега веќе фејсбук значи… нагло се движи развојот на старите луѓе за да бидат…. за интернетот да им биде достапен. Тој цело време е на компјутер, идат комшии, луѓе познаници тој е со клиповите и ги гледаат по не знам колку пати.
На пример ќе дојде за комшии и не го пушта на комшиите за тоа за да не се препознаат некои, не дај боже проблеми ќе си имаме и така. Цело време ги гледаат сега клиповите и ја имам целата подршка од моите и уште од почетокот уште кога решива да се занимавам со театар и со се, јас тоа им го велев само верувајте ми, знам точно што ми е цел, знам точно кај се движам само подршка ми треба и тоа е тоа. Оти од електро на драмски има да речам некоја конекција електронска…
СтудентФМ: Едно потпрашање… Дали чичко Милован е вистински лик или е некој со сменето име или баш постои чичко Милован кај тебе во зграда?
Марјан: Не, јас во куќа живеам, али сум живеел во зграда. Чичко Милован е комбинација од два лика значи ова првпат јавно вака, од два лика еден женски, еден машки. Значи од женскиот е земена само карактеристиката карактерна, а од машкиот… можеш да го видиш чичко Милован во секоја зграда, во секој куќен совет… тоа е тоа и реално не постои али од тие два лика се створи чичко Милован што ми е многу драго… значи чичко Милован е тој што најмногу го мразам, а другиот е тој лик… значи чичко Милован е тој што не враќа во тие YU времиња кој што е многу напорен… Порано вака беше… абе бегај остај ме гледај друго се дешава сега… она што упорно влече и те лепи за земја, она другото е од женскиот карактер е жустрината на реакцијата и директноста на реакцијата.
СтудентФМ: Ќе се гине ако треба…!
Марјан: ДА, да, да, да тој е против се, против самиот себе си дури…
СтудентФМ: Па да ако си се клонирал би требало да си биде контра еден со друг, по некоја дефиниција… Последно прашање за нашиов разговор. Тоа столчето кога ќе ти го сменат?
Марјан: Е значи со столчето што се дешава…
СтудентФМ: Со столчето е фрката тоа малкуцка што е искинато има доста луѓе кои го гледаат клипот само за да го видат столот на крај… Кога ќе го смените?
Марјан: Значи прво идејата секогаш кај нас за нешто што е шоу, нешто што е атракција и така натаму секогаш клише е фотеља, Драган Вучиќ и две гостинки. Таквиот начин и таквиот впечаток дека тоа така треба да биде, не знам сјајно, да свети, не знам на Боки 13 дали ти текнува со розеви такви, леопарди…
СтудентФМ: Обавезно да има еден бенд позади и некој тип рандом што ќе прави коктели на гостите и гостите ќе викаат ах колку убав коктел…
Марјан: Да… е сето тоа… овде јас им давам нешто многу едноставно оти јас ако седам на вакво столче што се распадна пред да седнеме, тоа столче јас го имам. Јас носам блуза за време на снимање или некоја дуксерка…
СтудентФМ: Леон не носи сега баш некоја дуксерка…
Марјан: Е да, тоа само Леон… Клиповите се поддржани од Леон и тој е во позадина…
СтудентФМ: Значи дефинитивно нема да си го смениш столчето, ќе ти остане такво…
Марјан: Ќе видиме, се надевам дека ќе добиеме некое спонзорство. Сега за сега немаме спонзори, никој не се јави човече… се атракција кликано се ама никој спонзор.
СтудентФМ: Спискај му таму на Леон нека пуши нешто…
Марјан: Да, треба да се смени столчето ќе видиме, ќе биде, се надевам ќе им се исполни желбата на луѓето или тие што ептен инсистираат да се смени не се соберат нека се направи некоја група на фејсбук. Да се собере по 5 денари, секој клик за да се купи столче…
СтудентФМ: Драги слушатели ова беше крајот помеѓу мене и Марјан. Комичарот, интернет комичарот со неговите битолски клипчиња од нашето секојдневие. Останете со фрекфенцијата на СтудентФМ…