Нови паметници за големците во Градскиот парк

Градот Скопје наредната пролет во првиот дел на Градскиот парк ќе постави шест бисти на истакнати личности од македонската историја.

Градот Скопје распиша конкурс за избор на идејно решение за изработка на бисти на истакнати личности од македонската историја:  Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рачин, Коле Неделковски, Крсте Петков Мисирков и Никола Вапцаров.

Бистите ќе бидат изработени со истите димензии и ќе бидат поставени во првиот дел на Градскиот парк на  старите постаменти на коишто стоеја пред да бидат уништетни и однесени. По изработката на моделите за бистите Градот Скопје ќе распише тендер за леење.

Намерата на градот за поставување на бистите на истакнатите дејци, наиде на одобрување и од страна на Сојузот на борците.

You May Also Like