Промовирана стихозбирката „Расцутување“ од Божидар Јовиќ

Во Ликовниот салон во Велес денес беше промовирана стихозбирката „Расцутување“ од Божидар Јовиќ, поранешен просветен инспектор во пензија.

veles nokje

Во книгата во која се содржани над 70 песни, авторот ја обработува вечната тема на младоста, љубовта и природата, а инспирацијата се неговите средношколски и студенски години. Јовиќ појасни дека книгата е наменета за младите од 18 до 20 години, а ја препорача и како лектирно издание за подобро литературно изразување посебно на младите.

Книгата ја промовира познатиот писател за деца и млади Горјан Петрески кој појаснува дека тоа се лирски песни и медитации.

– Нема нешто што не опфатил, но најмногу е врзан за природата, за оние напливи кои се случуваат во природата кои ако ги претвориш во песни ќе добијат сосема друга димензија, а Божидар Јовиќ успеал во тоа, смета Петрески.

Инаку, Божидар Јовиќ има напишано уште три книги, стручна литература за педагошката дејност во образованието.

You May Also Like