8 Март во Струга одбележан со дебата за жената во книжевноста

На вчерашната дебата „Жената-книжевник“, одржана по повод 8 Март, а во организација на Интернационалниот клуб Сороптимист – Струга и Струшките вечери на поезијата, се разговараше за позицијата на жената-книжевник низ историјата до денес, земајќи ги предвид периодите на репресија спрема неа, но и на нејзина доминација.

debata_zenata-knizevnik_struga

На дебатата беше направена анализа на жената книжевник во школската лектира, терминот женско писмо, како и споредба помеѓу жени-добитници на престижни книжевни награди, наспроти нивните колеги мажи. Како заклучок од дебата произлезе дека книжевните квалитети се оние кои го дефинираат квалитетот на едно дело, но не е занемарлив фактот дека и во оваа област доминацијата е повторно на мажите, како во присутноста во школската лектира, така и во прашање на наградите. Регулацијата е возможна, преку освестување на позициите и еманнципирањето како на жените, така и на мажите.

Валентина Тодороска од клубот Сороптимист за Cooltura.mk вели: „ Настанот ја долови активноста на жената во културната сфера, настан во една пријатна атмосфера. Посетеноста не беше мноогу голема што можеби се должи на тоа дека не сме спремни да ни се случи нешто различно од секојдневието во нашиот град. Темата се покажа како потенцијал за отворање простор за понатамошна соработка, дебати, културно дружење и размена на мислења“.

 

You May Also Like