Стиховен Калибар со нова книга “Стихија”

Горан Јанкуловски познат како Стиховен Калибар ја објави нoвата книга, збирката афоризми “Стихија”.

stihoven kalibar

Книгата содржи 365 афоризми и читателите можат бесплатно да ја симнат од интернет. Не навлегувајќи во мотивите на неговата борба со лицемерието, користољубието, полтронството, глупоста, парадерството, хипокризијата… се евидентираат стожерите на неговото творечко ангажирање.

Без и малку респект кон чиновите, лицата и настаните, морално ги осудува и жигосува работите на свој дрзок и принципиелен начин.

Покрај Стихија, Стиховен Калибар досега ги има објавено Збирка мудрости и афоризми“, книгата со урбаната тематика, „Двоглед“ како и стихозбирката ,,Проклетници“.

Книгата ви е достапна ТУКА.

 

You May Also Like