Во Музејот на град Скопје денеска (21 мај, среда) во 20:00 часот ќе биде отворена изложба на Коле Манев „Спокој-Неспокој“.
На изложбата ќе бидат преставени 35 дела од кои 32 масло на платно и 3 цртеж-гваж. Насловот на изложбата е „Спокој Неспокој“
Изложбата е насловена како „Спокој-Неспокој“. На изложбта ќе бидат изложени 35 дела од кои 32 слики масло на платно, 3 дела во комбинирана техника- цртеж-гваж.
Изложбата ќе ја отвори Д-р Срџан Керим, кој во текстот за каталогот пишува: „
„Во светот на Коле Манев тоа е затворен круг. Без почеток и крај. А тој што препознава носталгија нека знае дека и тоа чувство во светот на Коле Манев е различно од она што искуствено се спознава. Иако уште старите латини рекле: ubi bene ibi patria (Каде што ми е добро, таму ми е татковината). Кај Коле Манев не е така: Таму каде што е тој, сеедно дали е тоа Париз, Женева, Минхен или Лазарополе, таму со него и во него си ја носи татковината.“