Меѓународна конференција на тема „Креативни индустрии – теорија преточена во реалност“, презентација на креативни достигнувања на домашни и странски автори, концерт, работилница за звук се само дел од проектот и фестивалот чија основан цел е промоција на креативниот потенцијал на градот, кој ќе се одржи од 14-16 јуни.
Идентификација на Скопје како креативен град беше една од првите фази на проектот кој својот визуелен идентитет го доби преку конкурс наменет исклучиво за студенти и постдипломци од кретивните индустрии и области примарни за оваа програма: архитектура, дизајн, информатички технологии, визуелни уметности, ТВ продукција, видео игри, мода и др. Награденото лого е на Кристина Георгиевска, студент на Европскиот универзитет од Скопје, која ќе отпатува во Лондон на манифестацијата „Недела на дизајнот“.
Преку развивање на креативните индустрии како фактор за економскиот развој СКОПЈЕ КРЕАТИВА ќе го вброи и нашиот главен град во мрежата на регионалните и европски креативни градови.